Беше споменуван како тренер на Вардар, а сега стана селектор на Словенија!

1179

Урош Зорман е новиот селектор на ракометната селекција на Словенија. Имено по дебаклот на последното ЕП 2022, на кое учествуваше и Македонија, раководството на ракометната федерација на Словенија му врачи отказ на Љубомир Врањеш, а на негово место поставен е Зорман.

За нас интересно е тоа дека тој во кулоарите беше посочуван како можен стратег на Вардар, на екс- двократниот европски првак, но сепак се одлучи стратег на нашиот шампион да биде Давид Дејвис.

Со Зорман се е договорено, останува само уште официјалниот потпис со Ракометната федерација на Словенија и секако промоццијата.

ФОТО: Ekipa24.si

ПретходноСедум столба на стратегијата на ФФМ “Обединети од фудбалот 2021-2025“
СледноВлаховиќ по трансферот во Јуве ја “откачил“ убавата Мариасоле!