За три дена стартува пролетниот дел од сезоната 2021/22. Работнички главниот дел од подготовките ги одработи во Анталија, таму одигра и неколку пријателски средби. Во недела момците на стратегот Борче Христов ги чека гостување во Битола, каде ќе игра против Пелистер.
За тоа што може да се очекува од Работнички, свој коментар за клупскиот сајт имаше стратегот Борче Христов.
“Во зимскиот преоден рок имаше значителни измени во нашиот состав. Со оглед на тоа дека одработивме добри подготовки сметам дека добро сме подготвени за пролетниот дел. Веќе во недела полусезоната ќе стартува и ние мораме да одговориме на предизвикот. Стартот секогаш е тежок, и на двете екипи бодовите им се повеќе од потребни, тоа ќе биде тежок меч и за Работнички, но и за Пелистер. Личноп очекувам позитивен исход“ истакна Христов.