Екипата на Академија Пандев во пролетниот дел од сезоната ќе биде посилна за Виктор Ангелов. Искусниот напаѓач се враќа во домашниот шампионат откако есеноска настапуаше во Романија, за екипата на Волунтари. Доаѓа во Струмица како замена за најдобриот стрелец во есенскиот дел од шампионатот, Мартин Мирчевски кој зимава се пресели во Србија односно потпиша за ТСЦ Бачка Топола.
Со Ангелов, Академија Пандев добива и тоа како на квалитет, на искуство, и на убоитост во нападот. Тој во домашниот шампионат настапуваше за Работнички, Металург, Шкупи, а секако сите добро знаеме дека беше дел од онаа златна У21 генерација која што во 2017 година се пласираше на Европското првенство во Полска.