Влаховиќ го однесе Јуве во полуфинале на Купот, а таму ќе игра со Фиорентина(видео)

1326

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ повторно погоди во дресот на Јувентус на важен натпревар. Дебитантскиот гол го постигна пред неколку денови кога Јувентус ја совлада Верона во Серија А, а вечерва погоди за победа над Сасуоло и пласман на торинскиот клуб во полуфиналето на Купот на Италија.

Пауло Дибала го доведе Јувентус во водство против Сасуоло во 3. минута, но во 24. минута изедначи Траоре. Резултатот не се менуваше се до 88. минута кога Влаховиќ по одличен соло-продор и со помош на противнички дефанзивец ја затресе мрежата на гостите.

Во полуфиналето Јувентус ќе игра против Фиорентина која неколку часа претходно ја исфрли Аталанта. Ова ќе биде и дуел меѓу Влаховиќ и поранешниот клуб.

ГОЛОТ НА ВЛАХОВИЌ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ

ПретходноЛиверпул го среди Лестер, Арсенал и со играч помалку славеше кај Вулвс (видео)
СледноПорзингис го напушти Далас, Бостон се ослободи од седум кошаркари