“Данецот“ Андреас Трајковски доби “виза“ од ИААФ да се натпреварува за Македонија!

967

Убави вести за македонската атлетика. Имено Андреас Трајковски, кој дел од својот живот во мина во Данска, доби дозвола од ИААФ да може во иднина да се натпреварува за Македонија.

Оваа информација ја потврдија и од АК Работнички, инаку негов матичен клуб.

Андреас Трајковски доби дозвола од Светската атлетска федерација дека во иднина ќе може да ги брани боите на Македонската атлетска репрезентација.

Честитки Андреас Трајковски и ти посакуваме многу успех во македонскиот дрес“ се вели во соопштението на АК Работнички.

Тој е еден од оние наши кандидати кои ќе се обидат да дојдат до норма за ОИ во Париз 2024 година.

ПретходноДонарума: Ќе ја победиме Македонија, и ќе одиме во Катар
СледноПо веста за Нејмар, Реал “одговори“ со Бензема!