Како што ја заврши минатата година, така и ќе ја почне и оваа 2022. Имено нашата најдобра фудбалска репрезентација на најновата ранг листа на ФИФА, која денеска е публикувана, остана на 67.место. Тоа е пласманот од декември минатата година.
Значи нема никакви поместувања во однос на нашата репрезентација, без разлика што имаше натпревари во останатиот дел од светот како во Ј. Америка, Азија, Африка во овој период.
Инаку на челната позиција и натаму е Белгија, натаму следува Бразил, па потоа Франција. Италија, нашиот ривал во полуфиналето од баражот за пласман на СП се наоѓа на шестата позиција.