Мајтап со Кулушевски и Бентакур: Навистина донесоа промени, влегоа и Тотенхем загуби

1374

Поранешниот стратег на Тотенхем Тим Шервуд се мајтапеше со новите засилувања на „спарс“ Дејан Кулушевски и Родриго Бентакур. И двајцата дојдоа во зимскиот преоден рок, а Тотенхем во нив полага големи надежи. На натпреварот со Саутемптон, Кулушевски и Бентакур влегоа во игра во моменти кога Тотенхем водеше со 2:1, а на крајот гостите славеа со 3:2.

Што да кажам, Саутемптон беше многу подобар. Видете ги само ударите на голот, Саутемптон имаше 23, а Тотенхем само осум. Менаџерот Антонио Конте мора да биде поупорен и построг. Не може да се потпрете на тоа дека ќе ја забавите играта и ќе победите. Тој се уште ги учи играчите, а си донесе и свои, Кулушевски и Бентакур, а тие навистина донесоа промена на овој натпревар – влегоа во игра и Тотенхем загуби“, вели Шервуд за „Мирор“.

 

ПретходноРоналдо јуниор потпиша за Манчестер Јунајтед
СледноЗарем е можно: Дали е ова најлошо изведениот пенал во историјата? (ВИДЕО)