Фиорентина е полуфиналист на Купот на Италија откако вечерва во Бергамо славеше против домашната Аталанта со 3:2. Со тоа „виолетовите“ во полуфиналето ќе играат со подобриот од Јувентус-Сасуоло.
Вечерва во Бергамо паднаа три гола, а победникот беше решен во последните минути од мечот.
Пјонтек од пенал во 9. минута ја доведе Фиорентина во водство, а изедначи Запакоста во 30-тата. Во 56. минута Џереми Бога прави пресврт, но изедначување обезбеди Пјонтек со вториот гол на мечот.
Во 91 минута дефанзивецот Никола Миленковиќ ја затресе мрежата на Аталанта и ја однесе Фиорентина во следната рунда.