Најголемата сензација стана најголемиот скандал на Зимските олимписки игри

705

Камила Валиеа, петнаесетгодишната руска суперѕвезда на уметничкото лизгање која пред три дена влезе во историјата на Игрите, изведе четирикратен скок, денеска се најде во центарот на вниманито поради позитивен допинг тест, информација која ја објавија руските медиуми.

Валиева била позитивна на „триметадазин“, лек против ангина и вртоглавица, кој може да го зголеми протокот на крвта и да ја подобри издржливоста, а се наоѓа на листата забранети супстанци на Светската антидопинг агенција (ВАДА).

Случајот дополнително се комплицира поради фактот дека Валиева има само 15 години. Според правилата на ВАДА, имињата на малолетните прекршители на допинг правилата не треба да се објавуваат јавно.

Не е познато дали Русија ќе се жали. Валиева денеска тренираше, останува да се види каква завршница ќе има овој скандал.

ПретходноЦелосен распад – Лејкерси поразени од Портланд (ВИДЕО)
СледноАна Цветановска заврши на 95 место на ЗОИ во Пекинг