Жарко Пешевски беше меѓу посветлите точки на Штутгарт на дуелот со Кил кој домашните го загубија со 29:42. Штутгарт не успеа да го турне големиот ривал, а уште на полувремето се знаеше каде ќе заминат поените (11:22 имаше Кил).
Македонскиот репрезентативец постигна четири гола исто колку и Швеѓанецот Лон и Фатхејкер. Сепак, Кил растура и се бори за титула. Јасно е дека има поквалитетен кадар и ја оправда фаворитската улога. Штутгарт е на 16. место од 18 екипи. Тимот на Пешевски е во серија од шест порази.
Филип Миркуловски остана на клупата на Вецлар во ремито Фленсбург 29:29.