Нашата најдобра ракометна селекција во март ќе има двомеч со Романија. Тоа ќе биде првиот бараж за пласман на СП, познато е дека ако успееме да ја минеме Романија тогаш се среќаваме со Чешка во решавачкиот двомеч за пласман на Мундијалот кој ќе се одржи во Шведска и Полска во јануари следната година.
Па така познати се термините и сатниците за двата меча со Романците.
Македонија е домаќин на првиот меч кој се игра на 17 март. Овој натпревар ќе се игра во Скопје во салата “Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот.
Реваншот се игра на 19 март, значи само два дена подоцна, и тоа во Букурешт, а овој меч започнува во 17 часот.