Аднан Исламовиќ (24), дефанзинец од Нови Пазар е најновото засилување на Борец, тим кој што чека пеколна пролетна сезона во битката за опстанок.
Исламовиќ инаку е некогашен член на Партизан, потекнува од школата на овој клуб, игра за Телеоптик но не добива шанса за поголема минутажа во редовите н „црно – белите“ и постојано е праќан на позајмица, најчесто во Нови Пазар.
Има играно за Слобода (БиХ) и Нови Град (Хрватска), како и во тимот на Златибор.
Во Велес доаѓа како слободен играч.