Трејд во последниот ден од преодниот рок во НБА лигата направија Вашингтон и Далас. Летонски центар Кристапс Порзингис го напушти Далас и се сели во Вашингтон, а во спротивна насока одат плејмејкерот Спенсер Динвиди и летонскиот „спајпер“ Давис Бертанс.
За да направи место за Порзингис, Вашингтон претходно го трејдуваше стартниот центар Монтрезел Херел во Шарлот во замена за Смит и Верон Кери.
А голема чистка направи Бостон кој се ослободи од седум кошаркари, а меѓу нив е и германскиот плејмејкер Денис Шредер кој ќе оди во Хјустон Рокитс. Селтикс ги испратија Пи Џеј Дожер и Бил Бол во Орландо, во Сан Антонио ги испратија Џош Ричардсон и Ромео Ленгфрод.
Од клубот заминаа уште Бруно Фернандо и турскиот центар Енес Кантер.