Нема што, осминафиналниот двомеч во Лигата на Шампионите меѓу ПСЖ и Реал Мадрид веројатно ќе биде финале пред финалето.
На убавата вест за “светците“ утринава дека Нејмар заздравил од повредата и ќе биде меѓу оние кои ќе можат да се најдат во составот за претстојниот двомеч, предмалку “одговори“ Реал Мадрид. Имено најновата вест од таборот на “кралевите“ е дека Карим Бензема почна да работи со топка и дека големи се шансите тој да биде во тимот на Реал Мадрид за мечевите со ПСЖ.