Познато е дека пребогатите газди на ПСЖ воопшто не се задоволни од работата на тренерот на “светците“ Маурицио Покетино. Тие сакаат да го сменат на крајот од сезоната и на негово место да го доведат Зинедин Зидан.
Но и на Аргентинецот како веќе да не му гајле, тој во јуни најверојатно се сели во Манчестер Јунајтед.
Најново е тоа, барем според пишувањата на водечките весници во Франција, дека Покетино би моќел многу порано да го напушти “Паркот на принцовите“. Имено тој во пресрет на осминафиналето на Лигата на Шампионите против Реал Мадрид добил ултиматум од раководството на ПСЖ кој гласел…
„Ако не го победиш Реал Мадрид тогаш под итно пакувај си ги куферите, ти веќе нема да бидеш наш тренер“ се вели покрај другото во ултиматумот.