Викендов со сите шест мечеви од 19.коло стартува пролетниот дел од тековната 2021/22 сезона во ПМФЛ. И веднаш на стартот големо дерби. На Чаир Шкупи и А. Пандев, првиот и вториот на табелата. Мечот е прогласен од висок ризик, но ќе се игра без публика од познати причини, и тоа поради казната на чаирчани.
Судија на ова големо дерби ќе биде Јован Качевски од Струга., Во продолжение можете да ги видите сите судии на преостанатите натпревари…
ДВОЈКИ И СУДИИ – 19.КОЛО (НЕДЕЛА) 14 Ч
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ: М. Младеновски (Скопје)
СКОПЈЕ – БОРЕЦ: А. Грујоски (Кичево)
ШКУПИ – А.ПАНДЕВ: Ј. Качевски (Струга)
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ: К. Ѓорѓиев (Штип)
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ: Д. Пилешков (Штип)
САБОТА 14 Ч
БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА: С. Трпчевски (Кавадарци)