Тимот кој ги сакаше Аврамовски и Гачевски даде курбан за да почне да победува!

5683

Кочаелиспор е во серија на осум меча без победа, по новиот пораз кој го доближи второлигашот во зоната за испаѓање најде начин како да стави крај на овие лоши моменти.

Раководството на клубот пред почетокот на тренингот жртвуваше животно или даде курбан. Овој потег одлучи да го сподели на социјалните мрежи, од таборот на турскиот тим се надеваат дека нема да имаат проблем со повреди и дека ќе ја поправат формата.

На социјалните мрежи имаше и такви кои го осудија овој чин, секако имаше и позитивни реакции.

Кочаелиспор беше заинтересиран за услугите на Даниел Аврамовски и Филип Гачевски, но ниту еден од двајцата не ја прифати нивната понуда.

ПретходноПоранешен член на Партизан го засили Борец!
СледноУЕФА ги продаде ТВ правата за ЛШ за 15 милијарди евра!