Кошаркрите на Портланд го совладаа тимот на ЛА Лејкерс на свој терен со 107015.
По убедливиот пораз од Милвоки, Леброн Џејмс и неговите соиграчи паднаа пред ослабениот состав на Трејлблејзерси, кои неодамна останаа без тројцата најдобри стрелци, меѓу кои МекКалум и Пауел, а новите кошаркари немаа проблем да дојдат до победа.
Сајмонс со 29 поени и Нуркиќ со 19 поени беа најефикасни кај победникот. Леброн Џејмс постигна 30 поени, зад него беше Дејвис со 17 поени.
Портланд дојде до 22 победа и се наоѓа на 11 место во Западната конференција, додека Лејкерси со скор од 26 победи и 30 порази е на деветата позиција во истата конференција.
Јута џез на домашен терен славеше против Голден Стејт со 111-85 и стави крај на серијата од девет победи по ред на Вориорс. Бојан Богдановиќ постигна 23 поени, кај Вориорс најефикасен беше Џордан Пул со 18 поени. Во составот ги немаше Грин и Томпсон. Кари немаше своја вечер имаше 16 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Сан Антонио 115:92
Шарлот – Чикаго 109: 121
Оклахома – Торонто 98: 117
Портланд – ЛА Лејкерс 107:105
Сакраменто – Минесота 132:119