Досегашниот играч на тимот на Вардар, 23. годишниот Андреј Ричков, пролетниот дел од сезоната ќе го одигра како член на тимот на Пелистер.
Во обидот што подобро да се засили во новата полусезона, Пелистер се одлучи за десниот бек на Вардар кој ги одработи подготовките со нашиот најтрофеен клуб, но очигледно поради поголема минутажа заминува во Битола.
Пелистер ита деновиве да се засили што повеќе, затоа што последнопласираниот тим во ПМФЛ планира напролет да собира спасоносни бодови од испаѓање иако тоа во моментов е многу тешка задача.