Вардарци лесно и убедливо против Прилеп

83

Ракометарите на Вардар очекувано и убедливо го совладаа Прилеп на гости во рамките на најсилната македонска ракометна лига. Вечерва во Прилеп, „црвено-црните“ славеа со резултат 34:20, а победникот се наѕираше уште по првото полувреме кога скопскиот тим имаше предност од 22:10.

Домашниот тим може да се пофали со најефикасните стрелви на мечот, а тоа се Христи Бикоски и Давор Шокоски со 6 голови. Кај Вардар Јан Чувара даде пет голови, по четири имаа Џукиќ, Атанасовски, Ќосевски.

 

ПретходноХарден трејдуван, Фила се ослободи од Симонс
СледноМиленковиќ го шокира Бергамо, Фиорентина е полуфиналист на Купот