Душан Влаховиќ пред две недели го направи трансферот на својот живот. За 75 милиони евра се пресели во Јувентус, а дебито му беше како од соништата, со прекрасен гол за “црно – белите“ од Торино.
Сепак Србинот, веројатно понесен од славата и од тоа што му се случува во неговата фудбалска кариера, овие денови ја шокирал својата девојка, убавата Мариасоле Полио која е позната инфлуенсерка во Италија.
Имено и “раскинал“ со зборовите дека мора да се концентрира на кариерата и новиот клуб.