Во опширно интервју за тиражната „Газета Дело Спорт“, голманот на репрезентацијата на Италија, Џанлуиџи Донарума, покрај многуте теми се осврна и на претстојниот бараж меч против Македонија за пласман на Мундијалот во Катар.
Тој смета дека без проблем Италија ќе ја мине првата пречка односно лесно ќе се справи против Македонија, а потоа и против Португалија односно Кристијано Роналдо, во потенцијалното бараж финале.
„Убеден сум дека ќе играме на Мундијалот. Ќе ја победиме Македонија, а потоа ќе се справиме и со следниот противник, Кристијано Роналдо и Португалија. Ќе играме во Катар, тоа сум сигурен“ – изјави Донарума, очигледно уште одсега елиминирајќи ги и Македонија како директен противник во полуфиналето, но и Турција, која е противник на Португалија во второто полуфинале од нашиот шешир.