Ливерпул го среди Лестер, Арсенал и со играч помалку славеше кај Вулвс (видео)

215

Екипите на Ливерпул и Арсенал славеа минимални победи во мечеви од 24. коло на Премиер лигата. На „Енфилд“ славеше Ливерпул против Лестер со 2:0. Головите ги постигна португалскиот репрезентативец Диого Жота и тоа едниот во првото полувреме, а другиот во финишот на мечот.

На вториот дуел Арсенал успеа да ги освои бодовите од гостувањето кај Вулверхемптон. Габриел го постигна голот за водство на „топчиите“ кои од 69. минута играа со фудбалер помалку поради црвениот картон на Мартинели. Сепак тоа не ги попречи да ги освојат бодовите.

Ливерпул е втор на табелата со девет бода помалку од лидерот Манчестер Сити. Арсенал е шести со 39 бода исто колку и шестиот Манчестер Јунајтед.

ПретходноРК Вардар со најголем ваучер, спас за Металург од 200.000 евра
СледноВлаховиќ го однесе Јуве во полуфинале на Купот, а таму ќе игра со Фиорентина(видео)