Интер со победа од 2-0 против Рома се пласираше во полуфиналето на италијанскиот Куп. Два дена подоцна по овој натпревар „Corriere dello Sport“ објави што се случило во соблекувалната на Рома, а во центарот на вниманието, очекувано бил Жозе Мурињо.
„Мурињо таа вечер не штедеше никого, фудбалерите, помошниците, сите беа во таа просторија. Мурињо беше бесен како никогаш. Два часа претходно излезе на теренот, а навивачите го пречекаа со аплаузи, со Интер доживеа голем успех.
Не зошто секогаш кога играме против Интер изгледаме како гомна во првите десет минути. Сакам да знам зошто против Милан не се „посравме“ во првите десет минути. Сите се вклучени во ова. Сакам да знам зошто две години против големи клубови изгледавте мали. Ако сме мали, судиите ќе не видат како такви.
Најголема мана која човекот може да ја има е недостиг на мадиња. Ако се плашите од такви мечеви, играјте во Серија А, каде нема силни тимови, ниту големи стадиони, а ниту пак притисок. Вие сте луѓе без мадиња, вие сте најлошиот тип на луѓе“, биле зборовите на Мурињо.