Британските медиуми пред неколку недели ја пренесоа веста дека Рангник со својата работа ги убедлив челниците на клубот на лето да му го продолжат договорот, но денеска од Островот доаѓаат поинакви вести.
Ѕвездите на Јунајтед откриле дека на клупата ова лето сакаат да го видат Маурицио Покенти, кој се повеќе се поврзува со заминување од ПСЖ, на негово место се најавува Зинедин Зидан.
Крајот на Аргентинецот може да му дојде порано, доколку францускиот тим биде елиминиран во осминафиналето во Лигата на шампиони од Реал Мадрид.
Манчестер Јунајтед уште претходното лето го сакал Покетино, но ПСЖ не му дозволи да си замине, па токму затоа го ангажираше Рангник како привремено решение.
Договорот е до крајот на сезоната, тој ќе има нова задача, ќе биде консултант, а негова желба е Ерик Тен Хаг, тренерот на Ајакс.
Германскиот тренер се чина не е на иста „бранова должина“ со играчите, па ќе видиме дали ќе им се допадне изборот на новиот тренер.