Ова е конечен удар за Суперлигата од страна на првиот човек на УЕФА Александер Чеферин. Имено како што пишуваат водечките медиуми, а и самиот Словенец го потврди, УЕФА за периодот од 2024 до 2027 година ги продаде ТВ правата за своите клупски натпреварувања за неверојатни 15 милијарди евра.
Се разбира дека интересот е пред се за Лигата на Шампионите, натпреварување кое од 2024 година ќе се игра во поинаков формат. Ќе учествуваат 36 клубови и ќе се играат повеќе натпревари од досегашниот формат.
Од тие 15 милијарди евра 51% ќе одат за УЕФА а 49% за клубовите, а тоа е сума од 7,4 милијарди евра. Тоа е зголемување за цели 40 отсто од досегашните договори. Тука во оваа сума за клубовите не се сметаат разните бонуси и приходи од различни ставки.
„Драго ми е што постои така огромен интерес. Среќни сме што овој договор ќе значи и распределба на повеќе средства за клубовите со што ќе биде шанса тие финансиски да се стабилизираат“ изјави Чеферин.