Де Геа за слабите резултати на Јунајтед: Мислам дека некој ни фрлил клетва

155

Голманот на Манчестер Јунајтед Давид Де Геа призна дека нема логично објаснување за слабите резултати на тимот оваа сезона. Шпанскиот чувар на мрежата не може да го објасни ова па дури кажа дека некој му фрлил клетва на тимот.

Мислам дека некој ни фрлил клетва или нешто слично. Искрено не знам што се случува, навистина не можам да објаснам. Луѓето постојано ме прашуваат и зборуваме со соиграчите за тоа, меѓутоа не знаеме што се случува. Требаше да се бориме за повеќе трофеи, но не е така. Не знам зошто оваа екипа не функционира. Противниците многу лесно играат против нас, прават многу шанси и постигнуваат голови. За себе лично можам да кажам дека оваа сезона играм многу добро затоа што имам многу одбрани и помагам на тимот во секоја насока.

Рангник сака од нас да бидеме поагресивни, да притискаме и да напаѓаме. Знам дека мораме да се браниме подобро и се трудиме тоа да го поправиме, но некако тешко ни оди“, изјави Де Геа во интервју за „Ел Паис“.

ПретходноТухел пристигна во Абу Даби и утре ќе го предводи Челзи во финалето на СКП! (ВИДЕО)
СледноСамир Фазли се врати во Македонија ЃП