Македонската фудбалска репрезентативка Елена Петровска е нов член на ЖФК Љуботен. Тимот кој донесе неколку одлични засилувања, со доведувањето на Петровска од ЖФК Скопје 2014, практично го затвори зимскиот преоден рок.
Македонската репрезентативка настапува на повеќе позиции, што ќе биде добредојдено за Љуботен кој ќе добие вистински “универзалец” на патот до шампионската титула.