Клаузула во договорот го спасила Пипо Инзаги од отказ од Бреша

283

Во недела Филипо Инзаги ќе има можност повторно да ја предводи Бреша во Серија Б. Тимот ќе се сретне со Алесандрија на домашен терен, а се наоѓа на само два поени од врвот, а пред нив се само Лече и Пиза. И покрај добрите игри на тимот од Ломбардија, раководството на клубот сакало да го смени Пипо Инзаги, но некогашниот фудбалер на Јувентус и Милан останал на клупата поради клаузулата во договорот.

А таму стоело дека клубот нема право да го отпушти тренерот доколку екипата е во топ 8 на табелата. Минатиот викенд Бреша одигра без голови кај Козенца, а според медиумите во Италија тоа ги изнервирало луѓето во клубот кои сакале да го тргнат Инзаги и да го донесат Уругваецот Диего Лопес.

Не сме го отпуштиле Инзаги, само ја разгледуваме таа можност. Јас се сретнав со Диего Лопес и неговите соработници, но атмосферата во градот не е добра за негово враќање. Диего е пријател на Бреша и на претседателот Челино, но по реакцијата на медиумите, социјалните мрежи и навивачите, тој се откажа од тоа да седне на кормилото на Бреша“, изјави спортскиот директор Франческо Мароку.

Инаку Челино е познат по недостиг на трпение кон работата на тренерите. Тој 22 години беше претседател на Каљари и во неговиот мандат клубот промени 36 тренери. Во 2020 година Диего Лопес два пати добиваше отказ од тренерската позиција во Бреша, а пред тоа уште два пати во Каљари.

ПретходноАнчелоти на необичен начин потврди дека Бензема ќе игра против ПСЖ! (ВИДЕО)
СледноПо Севиља, Шалке и Шахтјор, Конопљанка потпиша за клуб од Полска