Пари Сен Жермен се измачи но успеа да впише три бода во дуелот со Рен во првиот меч од 24. коло на француската Лига 1. Вечерва на „Паркот на принцовите“ четата на Покетино го победи Рен со 1:0 со гол во последните моменти од натпреварот.
Со тоа ПСЖ стави крај на серијата од два меча без успех во дуелите со оваа екипа.
Килијан Мбапе во 65. минута постигна гол кој беше поништен поради офсајд, а Рен добро се бранеше се до 93 минута. Тогаш на асистенција на Меси голот на противникот го затресе Мбапе со што донесе победа за парижани и добра увертира пред настапите во ЛШ идната недела.
ПСЖ и е лидер со 59 бода осум повеќе од вториот Марсеј. Рен е четврти на табелата.
ГОЛОТ НА МБАПЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ