Селмани: Ренова во Штип има што да покаже!

545

Утре со мечот Брегалница – Ренова стартува пролетниот дел во ПМФЛ во тековната сезона. Една од дерби средбите во ова 19.коло секако дека е утрешниот дуел под Исарот кој започнува во 14 часот.

Ренова во Штип оди да се надигрува, да покаже што знае и да извлече добар резултат.

Барем така вели Ремзифаик Селмани, најдобриот фудбалер на “гипсарите“ кој за “Спортмедиа“ истакна…

Сметам дека добро сме подготвени, знаеме што не чека во Штип и знаеме дека и гостуваме на една квалитетна Брегалница. Според мене, па и според местата на табелата, Ренова и Брегалница се со приближен квалитет, значи очекувам неизвесен дуел. Сепак ова е прв меч, а ваквите мечеви се тешки за играње. Во секој случај Ренова има што да покаже утре“.

Со оглед на тоа дека во пролетниот дел ќе го нема Мартин Мирчевски кој направи трансфер од А. Пандев во ТСЦ Бачка Топола, сега Селмани и Адетунџи од Шкупи ќе имаат добра шанса на крајот да завршат како водечки голгетери во ПМФЛ сезонава.

Па, така е. Мирчевски остана на тие 16 голови, додека јас и Адетунџи имаме по 11, но имаме и цели 15 средби пред нас, а има и други играчи кои сакаат да се вмешат во таа битка. Секако дека е убаво да си прв стрелец во ПМФЛ, но за мене резултатите на Ренова се приоритет. Бадијала ќе бидат моите голови ако мојот тим не победува“ заврши Селмани.

ПретходноНајденов потпиша за Искра Даниловград!
СледноЗајков под итно мора да си оди од Ворксла Полтава, од Украина!