Тео Ернандез: Имав многу понуди но останав во Милан поради три причини

850

Францускиот бек Тео Ернандез денеска официјално го продолжи договорот со Милан до 2026 година по што изрази големо задоволство затоа што тоа било тоа што го сакал од самиот старт на преговорите. Ернандез откри дека имал многу понуди, но приоритет му било да остане на „Сан Сиро“.

Среќен сум овде. Од првиот ден одлично соработувам со сите – тренерот, тимот и Паоло Малдини. Мора да продолжиме да напредуваме на ист начин. Точно е дека ме посакуваа многу тимови, но јас одлучив да останам тука поради три работи. Тимот во кој функционираме како едно прекрасно семејство, потоа мојата девојка и бебето кое е на пат беа клучни за мојата одлука“, вели Ернандез.

Тој дојде од Реал Мадрид во 2019 година, а пред тоа една сезона играше како позајмен во Сосиедад.

Се уште сум млад и треба да растам секој ден. Неможам да кажам дали сум подобар од останатите играчи, тоа го оставам на навивачите. Стефано Пиоли ме подобри и како човек и како фудбалер. Од старт ми посочи што треба да поправам, па така и правам“, додаде Французинот.

ПретходноПСЖ извлече три бода со гол во 93 минута (видео)
СледноУсни Исмаили: Пелистер ми го уништи трансферот во Швајцарија