Ѓорѓиоски пред Ренова: Очекувам и на терен да ја видиме „новата“ Брегалница

379

Брегалница и Ренова утре ја креваат завесата во вториот дел од сеозната на домашната фудбалска сцена. Со дуелот во Штип од 14 часот, стартува пролетната полуетапа од ПМФЛ.

Во пресрет на дуелот со Ренова, шефот на стручниот штаб на штипјани, Илчо Ѓорѓиоски најави дека е задоволен од подгототовките, но сработеното треба да се преточи и во резултат на терен.

„Секако задоволни сме од реализираните подготовки во Анталија. Имавме повеќе од квалитетни пријателски натпревари против етаблирани европски клубови со милионски буџети, кои носат еден нов степен на фудбалско искуство за фудбалерите. Задоволството не е само од резултатите, но задоволен сум од пристапот кон играта, начинот на реализација на самите подготовки и од фактот дека фудбалерите веќе ја разбираат мојата филозофија, пристап и очекувања. Но, сето тоа останува зад нас, и сега следи најважното – официјалните првенствени натпревари кои секако се нешто поразлично“, вели Ѓорѓиоски.

Според предводникот на тимот на „сините“, Брегалница низ пролетниот дел од сезоната ќе се води согласно принципот „секој следен натпревар е најважниот“. Утре е првиот најважен против Ренова на Градскиот стадион во Штип.

„Од првиот момент, веќе од првиот натпревар со Ренова, очекувам на терен да се почувствува новиот пристап во тимот. Секако, Брегалница е клуб кој си има свои зацртани цели и амбиции, но воопшто не се залетуваме. Ќе се водиме согласно принципот – секој следен натпревар е најважниот на сезоната, чекор по чекор без потценување но и без преценување на ниту еден противник“,  истакнува шефот на стручниот штаб на Брегалница.

фото: ФК Брегалница

ПретходноЏастин Гетлин се прости од атлетиката: Олимпискиот шампион од Атина замина во пензија
СледноЛеброн и Дурент ги одбраа стартните петорки за Ол-Стар мечот