Фудбалерот на Милан, Френк Кеси, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Барселона. Веста ја објави весникот „Марка“ повикувајќи се на свои извори.
Според „Марка“, играчот од средниот ред е блиску до договор со каталонскиот клуб со кого преговара веќе извесно време. Раководството на Каталонците го следи напредокот на 25-годишниот играч и одлучи дека тој е извонредна шанса за „бесплатно“ засилување, затоа што сегашниот договор на Кеси и Милан истекува на 30 јуни.
Шефовите на Барса сметаат дека Кеси ќе биде наследникот на Серхио Бускетс во тимот.