ФОТО: Twitter/RB Leipzig English
Екипата на РБ Лајпциг славеше победа над Келн со 3:1 во меч од 22. коло на Бундес лигата. „Биковите“ лесно го победија противникот, по првото полувреме имаа предност со голот на Нкунку водечкиот стрелец на екипата оваа сезона во Бундес лигата, а на почетокот на второто полувреме во период од три минути Олмо и Анхелино постигнаа голови за убедливи 3:0.
Во 90 минута Лемперле само го ублажи поразот на Келн.
Ова е прва победа на Лајпциг над Келн по јуни 2020 година. Од таа победа со 4:2 двете екипи одиграа три меѓусебни натпревари со две ремија и една победа на Келн.