Бојку: Знаеме како против фаворитите сезонава

194

Зимската пауза само што не завршила и викендов стартува пролетниот дел од ПМФЛ. Екипите се подготвени, нема што повеќе да се чека. Атмосферата во таборот на Струга Трим Лум е и повеќе од позитивна се чека само да дојде недела и дуелот проти Шкендија.

„Секако дека сме максимално мотивирани пред самиот старт на пролетниот дел. Имаме што да покажеме, напорно работиме повеќе од еден месец. Знаеме дека Шкендија е квалитетен тим, но ние сезонава токму против таквите противници се покажавме одлично. Шкендија се засили сериозно зимава, но и ние сме исклучително квалитетни. Не очекува топ натпревар в недела“ – изјавува Бесмир Бојку, екс Македонскиот младински репрезентативец. 

Мечот Шкендија – Струга Трим Лум се игра в недела во Тетово со почеток од 14:00 часот.

 

ПретходноРАСТЕ БРОЈОТ НА ДОБИТНИЦИ НА МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ
СледноДобри вести за Инзаги, Бастони најверојатно ќе биде подготвен за Ливерпул