Како што јавуваат денеска медиумите на Островот, челниците на Тотенхем денеска одбиле понуда вредна неверојатни 3,5 милијарди евра за продавање на клубот. Имено таа понуда ја испратил внукот на контроверзниот милијардер Џорџ Сорос, Џефри Сорос, кој е продуцент и актер, а е на чело на Инвестициски фонд со седиште во Лос Анџелес, а името на фирмата е LAMF Global Ventures.
Сепак оваа понуда од страна на Тотенхем, односно од Џое Луис кој е мнозински сопственик на клубот од Лондон веднаш била одбиена.
Во минатото се споменуваше дека внукот на Џорџ Сорос сакал да ги купи Евертон или Милан, но само до Тотенхем е испратена конкретна понуда која ете е одбиена.