Добри вести за Инзаги, Бастони најверојатно ќе биде подготвен за Ливерпул

78

Закрепнувањето на Алесандро Бастони од повредата се одвива според планот и дефанзивецот најверојатно ќе биде подготвен за мечот против Ливерпул, објави денешното издание на Газета дело Спорт . Дефанзивецот беше стартер во победата од 2-0 против Рома , но беше принудно заменет од Стефан Де Фрај откако се здоби со повреда на зглобот. 

Првичните проценки беа дека Бастони нема да може да се опорави на време, но сега информациите се далеку пооптимистички за Интер. „Нероазурите“ го играат 1/8 финалниот меч од Лигата на Шампионите против Ливерпул на 16 фебруари, а викендов гостуваат на Наполи.

 

ПретходноБојку: Знаеме како против фаворитите сезонава
СледноПелистер со пораз си заминува од Бања Лука