ЗОИ 2022: Лара Гут-Бехрами, конечно, стана олимписка шампионка во Супер-Џи

130

Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами конечно ја додаде титулата олимписка шампионка во својата импресивна спортска биографија. Утрово на патеката „Рок“ во Јанкинг таа славеше на Супер-Џи трката во женска конкуренција во која е и актуелна светска шампионка.

30-годишната Швајцарка триумфираше со време од 1:13.51 минути што се покажа недостижно за силе останати конкурентки.

За Гут-Бехрами, која сега е главен фаворит за злато и во спуст, ова е трет олимписки медал, а втор во Пекинг откако ја освои бронзата во велеслалом. Утрово на подиумот и се придружија 29-годишната Австријка Миријам Пухнер и нејзината сонародничка Мишел Гисин.

Пухнер со освојувањето на сребрениот медал го постигна најдобриот резултат во кариерата во супервелеслалом, а сестраната Мишел Гисин, олимписка победничка во алпска комбинација од Пјонгчанг во 2018 година, дојде до својот втор олимписки медал.

Американката Микаела Шифрин ја заврши трката на деветтото место со заостанување од 79 стотинки зад победничката.

ПретходноПорзингис го напушти Далас, Бостон се ослободи од седум кошаркари
СледноДончиќ со рекордни 51 поен, Феникс го доби Милвоки во реприза на ланското финале (ВИДЕО)