Дефанзивецот на Вест Хем, Курт Зума, и натаму е топ-тема во англиските таблоиди. Неговото висео како шутира мачка, не само што предизвика лабнива реакции кај љубителите на животни, туку направи проблеми и внатре во неговиот клуб.
Имено, откако Премиер лигата го казни со одземање на две плати, кои беа донирани во Кралското друштво за спречување на суровост кон животните, стана јасно дека Зума бил најплатен фудбалер во редовите на „чеканите“, што предизвика шок ка останатите првотимци на клубот.
Имено, во седиштето на организацијата биле донирани 250.000 фунти, што значи дека неделната плата на Зума кој минатото лето дојде од Челзи е 125.000 фунти, што го прави најплатен фудбалер во тимот, многу подобро платен од носителите на играта на тимот како Антонио, Деклан Рајс, Томас Соучек, Пабло Форналс и Владимир Куфал. Сите овие заработуваат многу помалку од него, по што според некои медиуми предизвикало лавина реакции меѓу нив, па прашање е како тоа ќе с еодрази на настапите на „чеканите“ во следните натпревари.