Кошаркарите на Реал Мадрид доживеаја тежок пораз во Евролигата и тоа само неколку дена откако беа демолирани на гости кај Фенербахче. Вечерва пред своите фанови беа поразени од големиот ривал Барселона со 68:89.
„Кралевите“ одиграа катастрофално лошо, а по првите десет минути постигнаа само осум поени, а примија 28 со што до некаде се наговестуваше победникот на овој дуел.
Барселона не му дозволи на ривалот да се крене и да го стигне резултатот. Барса ја запиша четвртата победа во низа во Евролигата.
Лапровита беше најдобар стрелец кај Барселона со 20 поени, а кај Реал со 25 поени се истакна Таварес.
На другите натпревари Црвена Звезда го совлада Уникс во гости со 84:77 и му се реваншира за поразот во Белград. Панатинаикос со 76:63 славеше кај Лион.