Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Дејан Кулушевски, по првите настапи за својот нов тим, ги сподели своите видувања од периодот поминат и во Јувентус.
„Не знам, искрено што се случи со Јувентус откако стигнав таму. Тоа понекогаш се случува во фудбалот. Чувствував дека имам помалку простор во Јуве и не можам да покажам што можам. Животот продолжува, имаше многу убави моменти, особено крајот на минатата сезона. Го завршив одлично, го добивме финалето на Купот на Италија против Аталанта. Во Јувентус функционираше на еден начин, но сега играм за Тотенхем и многу сум среќен. Го видов нивниот тренинг на првиот ден и ме воодушевија. Во Англија фудбалот е поинаков спорт: побрз и поинтензивен, со повеќе забрзување и физика. И тука практично нема фаули“, вели Кулушевски.