Леброн и Дурент ги одбраа стартните петорки за Ол-Стар мечот

199

Капитените на Ол-стар тимовите на Западот и Истокот во НБА лигата, Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс) и Кевин Дурент (Бруклин) денеска ги избраа ростерите за Ол-стар натпреварот на 20 февруари.

Во тимот на Леброн беа селектирани Јанис Антетокунбо (Милвоки), Стивен Кари (Голден Стејт), Никола Јокиќ (Денвер) и Демар Дерозан (Чикаго).

Како резерви ќе бидат: Лука Дончиќ (Далас), Дариус Гарланд (Кливленд), Крис Пол (Феникс), Џими Батлер (Мајами), Донован Мичел (Јута), Фред ВанФлит (Торонто) и Џејмс Харден (Филаделфија).

Стартната петорка на Кевин Дурант ја сочинуваат Џоел Ембид (Филаделфија), Џа Морант (Мемфис), Тре Јанг (Атланта), Џејсон Тејтум (Бостон) и Ендрју Вигинс (Голден Стејт).

На клупата ќе почнат: Девин Букер (Феникс), Карл-Ентони Таунс (Минесота), Зак Лавињ (Чикаго), Дежонте Мареј (Сан Антонио), Крис Мидлтон (Милвоки), Ламело Бол (Шарлот) и Руди Гобер (Јута).

ПретходноЃорѓиоски пред Ренова: Очекувам и на терен да ја видиме „новата“ Брегалница
СледноКулушевски: Во Јувентус не добив простор, во Англија се игра без фаули