ЗОИ 2022: Неверојатниот Нисканен го освои златото на 15 километри

107

Финецот Иво Нисканен го освои своето второ поединечно олимписко злато, откако триумфираше на денешната крос-кантри трка на 15 километри на Игрите во Пекинг.

Нисканен постави многу високо темпо од самиот почеток и беше лидер во сите контроли на патеката. На финишот стигна со време од 37: 54,8 минути, што за 23,2 секунди беше побрзо од лидерот во Светски куп Александар Бољшунов, кој на крајот мораше да се задоволи со среброто.

Бронзата денеска му припадна на Норвежанецот Јоханес Клаебо, кој заврши со 37,5 секунди зад Нисканен.

ПретходноЈапонија освои злато во дисциплината халфпајп во сноуборд
СледноКако едно шутирање на мачка предизвика побуна за платите во Вест Хем?