Со конечен резултат од 76:67 тимот на Пелистер попладнево загуби од тимот на Младост од Подгорица во рамките од „балонот“ кој се одржува во Бања Лука. Ова воедно беше последен меч од овој турнир, а го означи осмиот пораз на Битолчани сезонава во АБА 2 лигата.
Резултатските но пред се играчи амплитуди на Пелистер и овојпат не дозволија Битолчани да се израдуваат на поволен резултат.
Никола Малешевиќ најдобар кај Пелистер со 17 поени и 6 скока, следува Николиќ со 11 поени и 3 асистенции.