Украинскиот репрезентативец Јевген Конопљанка го напушти Шахтјор Доњецк и како слободен фудбалер се пресели во полската Краковија. 32-годишниот крилен напаѓач потпиша договор со важност до крајот на сезоната со опција да биде продолжен.
Краковија е на осмата позиција на табелата.
Конопљанка беше долги години во Дњипро, а играше и финале на Лига Европа со овој клуб. Потоа премина во Севиља со која го освои трофејот во Лига Европа, од таму отиде во Шалке каде играше три сезони, а потоа за Шахтјор Доњецк.