Репрезентативец на Сенегал на Чаир: Данфа за уште посилен Шкупи!

639

На неколку часа до крајот на преодниот рок, есенскиот првак, тимот на Шкупи и официјално потврди дека има ново име. А тоа е Мамаду Данфа (20), напаѓач од Сенегал кој доаѓа од екипата на Колос (Украина).

Данфа во Скопје ќе дојде за неколку дена по што ќе следи промоцијата. Тој има играно и во Камерун а има и еден настап за својата најдобра репрезентација, исто така бил член и на младинските селекции на својата земја.

Шкупи со него потпиша двегодишен договор.

ПретходноШкупи го “врза“ Абази на две години!
СледноТухел пристигна во Абу Даби и утре ќе го предводи Челзи во финалето на СКП! (ВИДЕО)