Јапонија освои злато во дисциплината халфпајп во сноуборд

73

Јапонецот Ајуму Хирано ја освои олимписката титула во дисциплината халфпајп во натпреварите во сноуборд ЗОИ во Пекинг. 23-годишниот Хирано направи феноменално последно спуштање на патеката „Сикрет Гарден“ и успеа да го потврди златото.

Јапонецот, кој сезонава е лидер во светскиот шампионат, покажа одлични акробации во воздух и скокови кои достигнаа висина од 5,5 метри над рампата. За него ова е прво олимпиското злато по двата последователни сребрени медали во Сочи 2014 и Пјонгчанг 2018 година.

Трикратниот светски шампион Скоти Џејмс (Австралија) заврши на второто место, додека бронзата ја освои Јан Шерер (Швајцарија) со 87,25 поени.

ПретходноБарселона го одбра Френк Кеси за наследник на Бускетс
СледноЗОИ 2022: Неверојатниот Нисканен го освои златото на 15 километри