Џастин Гетлин се прости од атлетиката: Олимпискиот шампион од Атина замина во пензија

137

Олимпискиот шампион на 100 метри од ЛОИ во Атина во 2004 година, Џастин Гетлин, реши да ја заврши кариерата на 40 години. Во емотивна објава на Инстаграм, Гетлин напиша:

„Драга патеко, Те сакам. Ми даде солзи од болка и радост, ми научи лекции кои никогаш нема да ги заборавам. Штафетата помина, но љубовта никогаш нема да згасне. Подготовка, внимание… сега!“

Тој беше олимписки вицешампион во Рио 2016 година, а трет во Пекинг во 2012 година. Беше четирикратен светски шампион, а последен голем успех му беше на светското првенство во Доха во 2019 година, кога на 37 години беше сребрен.

Неговата кариера ја одбележаа и допинг скандалите. Беше суспендиран во 2006 година на четири години, а на патеката се врати дури во 2010 година. Често беше мета на напади, но неговите врвни резултати во ерата што ја одбележа Јусеин Болт не може да се оспорат.

ПретходноКако едно шутирање на мачка предизвика побуна за платите во Вест Хем?
СледноЃорѓиоски пред Ренова: Очекувам и на терен да ја видиме „новата“ Брегалница