Барселона го одбра Френк Кеси за наследник на Бускетс

229

Фудбалерот на Милан, Френк Кеси, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Барселона. Веста ја објави весникот „Марка“ повикувајќи се на свои извори.

Според „Марка“, играчот од средниот ред е блиску до договор со каталонскиот клуб со кого преговара веќе извесно време. Раководството на Каталонците го следи напредокот на 25-годишниот играч и одлучи дека тој е извонредна шанса за „бесплатно“ засилување, затоа што сегашниот договор на Кеси и Милан истекува на 30 јуни.

Шефовите на Барса сметаат дека Кеси ќе биде наследникот на Серхио Бускетс во тимот.

ПретходноЖФК Љуботен доведе уште една репрезентативка
СледноЈапонија освои злато во дисциплината халфпајп во сноуборд